7.8 C
Skopje
Tuesday, December 10, 2024

Екатерина Захариева: Јасно е дека антибугарската пропаганда ќе продолжи, ако македонците сакаат во ЕУ мораат да се однесуваат европски

Експертската историска комисија која е мешовита односно е составена од експерти од едната и другата страна т.е Македонија и Бугарија заседава повеќе од година дена. Има постигнат напредок по темите за Св. Кирил и Методиј, Цар Самоил, но очигледно се појавија проблеми кога се спомна името на Гоце Делчев. Ние единствено ја сакаме вистината, рече министерката за надворешни работи на соседна Република Бугарија Екатерина Захариева.

Гоце Делчев многу пати кажувал и пишувал дека е Бугарин, вели министерката и притоа додава:

– Повеќето Бугари не ни слушнале за 7 октомври, тоа е датумот на едно од најголемите предавства во бугарската историја, извршени од БКП, кога по 1944, под притисок на Сталин и Тито ги признаа Македонците како Бугари, и во конкретната 1946 на 7 октомври тоа и се случи, нема зошто и не може да го чествуваме тој датум.

По нејзините зборови Бугарија нема никакви претензии кон историјата на Македонија по 1944 година, но сепак во Македонија треба да престанат да ги лажат децата кои учат лажна историја.

Јас секогаш сум им велела дека треба да ги исполнат условите потпишани во договорот и да ја пишуваат вистината во нивните учебници. Ние никогаш не очекувавме да биде лесно, но во Македонија едноставно треба да ја кажат вистината. Ние не сакаме да ја промениме историјата на Македонија, туку едноставно да се каже вистината. Не може да се пишуваат лаги во учебниците. Гоце Делчев себеси се пишувал како бугарски револуционер.

Јасно е дека антибугарската пропаганда ќе продолжи, но ако македонците сакаат да бидат дел од ЕУ, прво треба да бидат европеици. Ние едноставно сакаме да ја зборуваме вистината, рече Захариева.

поврзани објави

Последни објави