5.8 C
Skopje
Sunday, December 1, 2024

7 златни правила кои сите скопски возачи ги практикуваат, а кои ќе ве насмеат до солзи

Овие седум златни правила кои сите скопски возачи ги практикуваат ќе ве насмеат до солзи.

Прво: Никогаш не застанувајте поради пешак, освен ако не се фрли под автомобилот. Второ. Секогаш гледајте лево и десно, кога поминувате на црвено.

Трето: Првото место за паркирање што ќе го видите ќе биде и последното. Заземете го со молскавична брзина.

Четврто: Никогаш не користете трепкач кога менувате правец на движење. Тое само им кажува на останатите возачи да дадат гас и да ви попречат. Под број 5: Контактот со очи со возачот од спротивниот пол ви ја одзема предноста.

6. На раскрсница секогаш запирајте на пешачкиот премин, за да ги спречите пешаците да поминат. Ако некој од нив стапне на зебрата пред вас, дајте гас и држете додека не го исфрлите назад на тротоарот. Пешаците се безправни учесници во сообраќајот.

7. Паркирајте на тротоари во секоја прилика, така пешаците се принудени да слезат на улицата. Таму другите возачи ќе се погрижат за нив.

поврзани објави

Последни објави