15.8 C
Skopje
Saturday, May 18, 2024
spot_img

Какво палто, таква порака: Што значи синото сако на Меркел на средбата со Заев

За германската канцеларка Ангела Меркел стилот е важен а преку него таа праќа разни пораки.

Светските модни критичари кои го следат стилот на германската канцеларка Ангела Меркел, велат дека од тоа каква боја на палто ќе облече, зависи пораката која сака да ја испрати, а што сакаше да демонстрира канцеларката на средбата со Заев во Берлин?

За стилот на Меркел може да се рече дека е едноставен и практичен. Таа често носи пантолони, рамни чевли, ненаметлив накит и дискретно се шминка. Единствено парче од облеката по кое е впечатлива е палтото.

За средбата со Заев, Меркел избра сино впечатливо сако а кога носи палто во впечатлива боја тоа значи дека има нешто важно да порача.

Судејќи по нејзиниот избор на боја за време на средбата со Заев, пораката што ја упати Меркел имала големо значење, пишува ФАКТОР.мк

Сините палта на Меркел се резервирани за сериозност, а оттука и пораката од Бундестагот кој порача дека одлука за одобрување на старт на преговорите на ЕУ со Северна Македонија, согласно утврдените процедури на СР Германија за прашањата за проширување на Унијата ќе донесе во септември.

Меркел на средбата со македонските претставници потенцирала дека Македонија го испорачала очекуваното на кое Берлин гледал позитивно.

Извор: Фактор.мк

поврзани објави

- Advertisement -spot_img

Последни објави