Езџан Алиоски работеше со полна пареа цел месец за да и се стави на располагање на македонската фудаблска репрезентација, а откако го даде максимумот на двата квалификациски натпревари против Полска и Австрија, дефанзивецот се соочи со крајно непосакувана ситуација во родниот град.
Македонскиот репрезентативен лев бек во друштво на своето поблиско семејство доживеал вистинско понижување ова попладне во родниот Прилеп, каде што во ресторанот „Ла Страда“, откако му се приклучиле родителите, биле информирани дека за нив нема место, односно дека масите се претходно резервирани.
– Синот беше со два братучеди, проштаа низ чаршијата и решиле да седнат во ресторанот. Кога дојдовме ние со мајка му, почнавме да зборуваме на албански, и одеднаш дојде келнерот и ни рече дека масите се резервирани. Претходно не кажале такво нешто кога момчињата влегле и порачале пијалок. Џани беше многу навреден, ми требаа два часа да го смирам. Тој му кажа на газдата дека не е во право, дека тој играше за Македонија и со една нога. Ова се случува по втор пат, во 2018 година имавме исто искуство откако го пречекав Џани на аеродром,- изјави за „Дерби“ таткото на Езџан, Садри Алиоски.
Во телефонскиот разговор ова ни го потврди и Фикрет Алиоски, братучен на Езџан кој бил со нив во непријатниот момент.
Сепак, доцна во ноќта, Алиоски се врати кај сопственикот на локалот, каде му подари дрес од Лидс. Веројатно страстите се смирија. А дали се работи за говор на омраза или не, ќе покаже истрагата која е во тек.
Ezgjan Alioski tregon madhështinë…
Gjanni Alioski tregon madhështinë… Pritet si hero në #PrilepPas incidentit, kyçet në aksionin humanitar për ti ndihmuar DejanitАлијоски ја покажа големинатаГо пречекаа како херој во #ПрилепПосле инцидентот се вклучи во хуманитарната акција за помош на Дејан
Posted by Klan Macedonia Television on Thursday, June 13, 2019