Она што му се случи на нашиот Ezgjan Alioski е недопустливо и за осуда. Разликите треба да не обединуваат, а не да разделуваат. Tака е во успесите, но и во неуспесите на секое поле.
Јас сум убеден дека огромно мнозинство од нашите граѓани прават разлика само врз основа на тоа што е добро, а што лошо, а не врз основа на тоа кој јазик го зборуваме, како се молиме или како изгледаме.
Јас сум уверен дека огромно мнозинство од нашите граѓани веруваат и се застапуваат за тоа дека секој треба да има еднакви можности во Република Северна Македонија, богатството на земјата е во мултикултурното општество кое го градиме сите.
Езџан Алиоски за македонската репрезентација до сега одиграл 28 натпревари во различни натпреварувања, зборувајќи го јазикот што најдобро го знае на терен со постигнати 5 голови и 6 асистенции, а ја претставува земјата во Шампионатот на Англија.
Езџан продолжи да не’ радуваш со добрата и тимска игра, пример од кој учи целата држава.
Она што му се случи на нашиот Ezgjan Alioski е недопустливо и за осуда. Разликите треба да не обединуваат, а не да…
Posted by Stevo Pendarovski on Friday, June 14, 2019