Земајќи ги предвид актуелните случувања меѓу Северна Македонија и Бугарија, ние од порталот „Поглед“ упативме покана за мини интервју односно изјава за нашиот медиум, до министерката за надворешни работи на Република Бугарија Екатерина Захариева.
До министерката на соседна Република Бугарија упативме три кратки и едноставни прашања, за кои добивме одговор од прес-центарот на Министерството за надворешни работи на Бугарија во кое кратко велат дека Вицепремиерот и Министер за надворешни работи нема можност да даде интервју односно одговор на нашите прашања.
Прашањата кои и ги упативме на министерката беа следниве:
– Г-ѓа Захариева. Вие сте категорични. Вашиот став е дека Гоце Делчев е бугарин. Што точно ќе побарате од македонската влада односно македонската страна и што можеме да очекуваме како одговор од Бугарија, ако тоа не се исполни?
– Во вашите лични разговори со колегата Димитров имате ли вие лично разбирање по тие прашања околу Гоце Делчев, како и за други револуционери кои Вие ги сметате за Бугари, а македонската страна за македонци?
– Под претпоставка: Ако Вие бевте во истата ситуација како Македонија и ако од вас беше побарано да си го промените уставното име на државата, дали би склучиле односно потпишале еден таков договор?
Зошто не добивме одговор од министерството или пак од самата министерка на Бугарија на овие прашања не знаеме, но се надеваме дека периодот кој што следи ќе бидеме во можност да оствариме контакт и да разговараме не само на оваа тема, туку и на многу други теми кои ги засегаат македонско – бугарските односи.