13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Каракачанов: Ако ова продолжи, бугарската делегација треба да стане од масата со сите можни последици за европската интеграција на Северна Македонија

Мешовитата комисија за историските прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија не функционира, изјави лидерот на ВМРО БНД и вицепремиер на Република Бугарија Красимир Каракачанов.

Поводот за оваа изјава на Каракачанов е предлогот на македонската страна да се чествува датата, на која коските на Гоце Делчев се предадени од комунистичката власт во Софија на Скопје, а не денот на раѓање или смртта на војводата.

Според зборовите на Каракачанов овој предлог од Македонија е искрен потсмев.

Во писмо до бугарските медиуми вицепремиерот на Бугарија вели дека последниот предлог на скопските „експерти“ во мешовитата комисија гласи дека Гоце Делчев е деец на македонското ослободително дело, кој бил почестен и славен и од народот на Бугарија. По неговите зборови низ целото време се јавува огромна разлика меѓу двете страни по однос на ова прашање. Тој вели дека Скопје се надева дека оваа мешовита комисија ќе прифати некаква компилација од измислици, преплетени со научни факти.

„На крајот од своето соопштение тој испраќа порака дека ако разговорите продолжат во оваа насока, тогаш бугарската делегација односно комисија треба да стане од масата со сите можни последици за европската и натовска интеграција на Северна Македонија. Вината за тоа нема да биде наша“, вели во соопштението Каракачанов.

поврзани објави

Последни објави