-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Филип Кузмановски верен на Металург

Македонскиот ракомотен талент, Филип Кузмановски ја продолжи верноста кон својот клуб Металург, откако го продолжи договорот до крајот на сезоната 2018/19.

„Среќен сум во Металург и тоа беше пресудно за да се решам да останам овде и да го продолжам договорот. Сега сум и капитен на екипата и имам уште поголема одговорност. Имав неколку опции и понуди по завршувањето на договорот, да заминам во друг клуб, но мислам дека ја одбрав најдобрата и за мене најправилната одлука за напредок во кариерата. Металург, под раководство на Лино Червар, е најдобрата средина за еден млад ракометар и сметам дека мојот квалитет најдобро ќе дојде до израз токму овде, во Металург“, изјави Кузмановски.

Задоволен од ваквиот развој на настаните беше и новиот претседател на Металург, Зоран Цветановски кој вледи дека на клубот во иднина ќе му биде тренд да ги задржи младите играчи.

„Настојуваме сите млади репрезентативци да ги задржиме во клубот и да го подигнеме тоа ниво. Горди сме што постигнавме договор и што нашиот нов капитен Филип Кузмановски ќе остане во клубот до 2019. Очекуваме успешна и плодна соработка. Освен Кузмановски, ќе се обидеме да ги задржиме сите млади играчи што се во тимот и да донесеме уште неколку други од нашиот младински погон. Металург како клуб останува на својата стратегија да произведува и да издигнува млади ракометари од својот погон, во што голема улога имаат нашиот тренер Лино Червар и спортскиот директор Ванчо Димовски“, вели Цветановски.

поврзани објави

Последни објави