-0.2 C
Skopje
Sunday, January 12, 2025

Ова е за поздрав: Пеп Гвардиола го продаде својот џемпер за неверојатни 6 илјади евра – парите заминуваат за бесплатни оброци на сиромашни семејства

Не е ништо чудно кога познатите политичари, актери, спортисти, бизнисмени или пак јавни личности трошат пари на скапа гардероба. Но, понекогаш токму таа благодарение на нивната хуманост, токму нивната гардероба односно нејзината продажба помага на многу сиромашни семејства. Таков е случајот со продадениот џемпер на познатиот тренер Пеп Гвардиола.

Сивиот џемпер што менаџерот на Манчестер сити, Џозеп Гвардиола, го носеше во текот на последната сезона во која освои тројна круна во Англија (шампионат, ФА-купот, Лига-купот) е продаден на добротворна аукција за 6.000 фунти.

По победата против Ватфорд во финалето на ФА-купот, Гвардиола изјави дека ќе ја даде својата препознатлива облека за добротворни цели, а клубот објави дека џемперот бил купен од нивниот американски обожавател Џејмс Хоџ.

Парите собрани на аукција ќе се користат за обезбедување бесплатни оброци за семејствата во Манчестер за време на шолските празници.

„Воодушевен сум што се собраа толку пари за добротворни цели. Исто така, фантастично е што можеме да им дадеме на фановите нешто лично што ни помогна во постигнувањето неверојатен успех минатата сезона“, рече Гвардиола.

поврзани објави

Последни објави