13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Героски со критика до власта: Заборавивте на вашите ветувања за бројот на министерствата

Новинарот Бранко Героски ја искритикува власта поради големиот број на министерства и потсети на предизборното ветување дека кога СДСМ ќе дојде на власт нема да има повеќе од 20 министри.

Героски потсети дека Радмила Шекеринска пред да влезе во извршната власт ветуваше дека Владата на СДСМ нема да има повеќе од 20 министерства. Сега не само што бројот на министерства не е намален, туку и се зголеми за едно – со формирањето на министерството за политички систем.

– Пред нас е реконструкција на владата. Соопштено ни е дека таа ќе се случи идната недела. И сега, ако зборот си е збор, ако политичарите како Заев и Шеќеринска внимаваат на својот политички и личен интегритет, јас очекувам наредната недела да добиеме влада во која ќе има не повеќе од 20 министри. Така како што јавно ни беше ветено. Некои велат дека тоа е невозможно, дека сега ќе има не 25, туку 26 министри, но јас сепак ѝ верувам на Шеќеринска – во новата влада ќе има не повеќе под 20 министри! Така? – напиша Героски во ПлусИнфо.

Целата колумна на Героски прочитајте ја ТУКА.

поврзани објави

Последни објави