2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Не отворајте ја пораката „Адидас“ за „Вацап“, станува збор за измама

Многумина корисници на апликацијата „Вацап“ добија порака деновиве дека „Адидас“ донира 3.000 бесплатни чифта патики и 1.800 маици за да ја прослават својата 95-годишнина, а патиките бесплатно може да се набават на http://www.adidas-neo.club/offer/.

Но, внимавајте, станува збор за измама. Доколку се кликне на понудениот линк, многу телефони целосно ќе се замрзнат и единствениот начин повторно да проработи мобилниот е присилно да се исклучи и да се вклучи. Но, токму тогаш почнуваат проблемите бидејќи пораката на тој начин почнува да се шири на сите контакти што ги имате меморирано во мобилнот телефон. Слична порака се шири и на „Вибер“.

Во март „Адидас“ предупреди за оваа измама, која се шири од 2017 година, не само преку овие апликации туку оваа порака се споделува и преку „Фејсбук“ и „Твитер“.

Прочитај повеќе вести: Музичко-ликовен настан по повод пет години од издавачката куќа „Шарла“

ИЗЛОЖБИМузичко-ликовен настан по повод пет години од издавачката куќа „Шарла“Објавено пред 6 часа – 21 јуни, 2019Од Макфакс

Утревечер, со почеток во 21 часот, во отворениот дел на музичкиот бар „Ла Кања“, во Старата скопска чаршија, музичката издавачка куќа „Шарла“ по повод 5 години од своето постоење организира роденденски музичко-ликовен настан со наслов „’Шарла’: 5 чекори поблиску“.

За овој релативно кус период, „Шарла рекордс“ успеа да изгради статус на еден од поинтересните независни издавачи во Македонија и регионот. Некои од нејзините изданија се вртеа по светски познати радиостаници и портали од Њујорк до Хонг Конг, за нив пишуваа осврти и рецензии во Лондон, Берлин, Прага, Љубљана, Загреб и во Белград.

Инспирирани од овој успешен процес, екипата на „Шарла“ организира отворен роденденски настан на кој во живо ќе настапат двајца нејзини артисти, а програмата предвидува и една уметничка изложба – инсталација.

Младата Димитра со својот нов и бунтовен музички израз е регионално откритие во моментот. Нејзините две ЕР-изданија од минатата и оваа година ги освоија срцата на музичката јавност и дома и во Балканскиот Регион. Ова ќе биде нејзин прв настап во Скопје со тој материјал.

Mammoth & Yashem е музичкиот алијас на Ненад Тонкин, кој е веќе етаблирано музичко име на нашата сцена уште од времето кога членуваше во популарниот „Беј Д’Фиш“. Неодамна излезе неговото второ ЕР, Guilty Pleasure, за „Шарла“, кое во целост ќе го изведе во живо на овој настан.

Истата вечер „Шарла“ ќе промовира уште 3 свои изданија на ЦД, кои заедно со сите предходни ќе може да се најдат на штандот во „Ла Кања“ по промотивни цени.
Покрај музичкиот дел, амбиентот ќе го збогати и една несекојдневна изложба во простор составена од дела на 5 наши современи уметници на тема „Која е твојата утопија? ‘Шарла’: 5 чекори поблиску“. Со свои дела изработени специјално за овој настан учествуваат Иван Ивановски, Владимир Лукаш, Сали Ертунч, Ненад Тонкин и Јана Јакимовска.

поврзани објави

Последни објави