11.8 C
Skopje
Sunday, April 14, 2024
Платено политичко рекламирање

АМСМ со вонредно соопштение: Патот Делчево – Штип целосно затворен

Поради случена сообраќајна несреќа, магистралниот пат Делчево – Штип е затворен за сообраќај од 18:20 часот. МВР е на местото на настанот и врши увид, пренесе ТВ 21.

„На 21.06.2019 година околу 18:20 на магистралниот пат Делчево-Штип, кај база “Гранит“, поради случена сообраќајна незгода, патот е затворен за сообраќај.“, велат од АМСМ.

За повеќе детали во текот на денот.

Поврзана вест:

Во тешка сообраќајна нереќа што се случи околу 18:15 часот во близина на Кочани најмалку едно лице загина, а има и тешко повредени.

Според првичните сознанија до несреќата дошло на обиколницата околу Кочани, при што директно се судриле патничко возило и камион цистерна, а загинатиот се наоѓал во возилото. Од ударот цистерната излетала и се превретела во нива покрај патот. Повредените лица со возила на итна медицинска помош се префрлени во кочанската Општа болница, а интервенираат и пожарникарите.

Поради несреќата обиколниот пат околу Кочани е затворен за сообраќај од клучката кон село Грдовци до влезот кон Оризари, а возилата се пренасочуваат низ градот.

Увид на местото на сообраќајката прават јавен обвинител и сообраќајни полициски екипи, а повеќе информации се очекуваат во текот на утрешниот ден.

поврзани објави

- Advertisement -

Последни објави