2.8 C
Skopje
Friday, April 19, 2024
Платено политичко рекламирање

Меѓу повредените во сообраќајката на обиколницата кај Скопје има и полицајци, возачот на БМВ-то не издржа

На лице место почина возачот на возилото марка Бе-ем-ве кое учествувало во сообраќајката попладнево на северната обиколница во Скопје.

Покрај починатиот, повредени се и три лица, меѓу кои и двајца полицајци.

Несреќата се случила откако автомобил БМВ со огромна брзина се движел на патот, но добил знак да запре од полициската патрола, по што во него удрил камион, а бе-ем-ве-то од ударот влетало во полициското возило.

Во несреќата се повредени и двајца полицајци, како и возачот на камионот. Тие итно се пренесени во клиничкиот центар во Скопје.

Автомобилот марка БМВ целосно изгорел, откако се запалил по ударот.

Извор: Центар.мк

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави