7.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Колев: Не може да зборувате за реформи во администрацијата, а да го зголемувате бројот на министерства

Претседателот на Граѓанско Демократската Унија Петар Колев вечерва гостуваше во „Отворено студио“ на 1ТВ чиј домаќин беше новинарката Јадранка Костова.

Темата на разговорот беше „метлата“ најавена од премиерот и датумот за преговори кој Македонија треба да го добие за отпочнување на преговори од страна на Европската унија.

Граѓаните јасно покажаа дека се разочарани од системот и порачаа дека се потребни клучни реформи во општеството. Би требало да започнеме реформа и во администрацијата, но во секоја земја која започнала процес на реконструкција, не може да се прави реформа во администрација ако зголемувате број на министерства. Прво се започнува од таму, потоа се оди во закондавната сфера. Во предизборието зборуваа дека треба да се намали бројот на пратениците, но очигледно министерката Радмила Шекеринска го сменила својот став.

Персоналните реформа не е реформа, рече Колев и притоа додаде: Потребна е промена на изборниот систем и начинот на кој се бира извршната власт во земјата. Ако биде намален бројот на пратеници, тогаш дефинитивно ќе донесеме демократизација и ќе можеме да донесеме реформи кои се потребни за една држава која се стреми да биде европска.

Во продолжение видео од гостувањето на Колев во 1ТВ:

поврзани објави

Последни објави