11.8 C
Skopje
Sunday, April 14, 2024
Платено политичко рекламирање

Колев: Фактот што Хазби Лика не се појавува на работа и од Влада не знаат како изгледа тој човек е се, само не европска практика

Фактот што Хазби Лика не се појавува на работа и од Влада не знаат како изгледа овој човек е се само не европска практика-истакна Петар Колев. Претседателот на ГДУ додаде дека ДУИ веќе 17 години се наоѓа во ситуација на основен коалициски партнер и поради таа причина како да му наредува на својот партнер во власта кој кадар каков министер да стане.

Според Колев ДУИ само формално се залага за евроинтеграциите на Македонија, бидејќи во реалноста, не е партија што испорачува европски тип на политика.

Дали премиерот Заев во своите приватни фирми ќе донесе машински инжењер за раководител, праша Петар Колев во емисијата Отворено Студио1 на 1тв. Според Колев големиот број партии во коалициите, е причина да се случуваат ситуации во кои професор по медицина да стане министер за култура. Колев тврди дека причина за тоа е недостатокот на кадри на партиите што и покрај тоа, мораат да бидат задоволени.

поврзани објави

- Advertisement -

Последни објави