16.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Златев: Никој од „професионалниве“ медиуми, професионално како што доликува не ми се јави да ме праша за одговор на обвинувањата од Курто Дудуш

Сите медиуми денес ја пренесоа изјавата на Курто Дудуш дека јас сум непрофесионален новинар (затоа што медиумот кој го водам, објави аудио снимка по која во секоја нормална држава му завршува кариерата).

Е сега, никој од “професионалниве” медиуми, професионално, како што доликува на кодексот за етика во новинарството не ми се јави да ме праша за одговор на овие обвинувања.

Не сум повикан од никој, па одговорот ќе си го дадам овде:

– Јас како главен уредник на “Економски Лидер”, во изминатите година и три месеци, докажав дека во Македонија може да постои истражувачко новинарство. Иако така изгледа, Лидер ни малку не е “One man show”. Се истакнувам само јас, за да ги заштитам моите колеги од политички притисок, тужби и останати реперкусии.

Во изминатите година и 3 месеци, откривме десетици огромни скандали. Од нас почна скандалите: “30 милиони наместен тендер на Филипче”, “Фонд за иновации”, “Тендерите на Кочо Анѓушев”, “Лубриканти набавени од владата”, “Вработувања на фамилиите на функционерите”, “Тендерите за сопрузите и сопругите”… Да седнам да набројувам се, ќе треба текстов да биде многу подолг.

За дел од случаите што ги онјавивме има и одговорност. Се поништувале тендери поради нас, луѓе се повлекувале од работа… Мора да има и сега за Курто Дудуш! Ме може функција да обавува силеџија кој лишува од слобода и физички малтретира луѓе.

Медиумот кој го водам е чист како солза и е вистински Лидер во она што го работи и секое обвинување кон нас е насочено само за “фатените” да може да се куртулат. Нашиот кредибилитет расте и во очите на читателите, но и на политичарите кои се повеќе ни се плашат. На сите, им благодарам за довербата! Што се однесува со мене, знам дека многумина ги боли, ама мојот кредибилитет најдобро може да го видите во “Основен Суд Скопје 2”, каде што многумина ме тужеле за клевета, но, во ниту еден случај не сум бил осуден. Тоа е најголем доказ за кредибилитет и професионалност. Сум правел грешки, како и сите, но тие никогаш не биле фатални.

Освен во Македонија, редовно сум ангажиран како дописник и колумнист во најчитаниот Словенечки неделен весник, “Демокрација”. Во исто време, често се појавувам со изјави и интервјуа за медиуми. Сум бил цитиран во “Политико”, во неколку холандски весници, на најгледаната комерцијална телевизија во Норвешка. Сум давал изјави за хрватски и српски медиуми.
Знам дека сум млад и има уште многу што да учам. Но во исто време, знам дека мојот кредибилитет е далеку поголем од оној на оние кои ми го оспоруваат.

Срдечно ваш, Љупчо Златев, пишува главниот и одговорен уредник на порталот „Лидер“ кој во изминатите два дена објави аудио снимки на кои што наводно се слуша гласот на градоначалникот на Шутка Курто Дудуш, како физички малтретира лице во својата канцеларија.

поврзани објави

Последни објави