За мене клучот на решението е да држиме до тоа дека Илинденското Преображенско востание е бугарско по својот карактер, затоа што населнието има бугарско сознание, зашто такви се целите на внатрешната револуционерна организација. Ако тоа се реши, назад во историјата очигледно процесите имаат бугарски карактер, вели Прванов.
Ова во интервју за 24 часа го изјави екс претседателот на Бугарија Георги Прванов, кој во самото интервју зборел за односите меѓу Македонија и Бугарија.
Се раѓа антибугарски македонизам во најгруба форма, вели Прванов.
Според Прванов дел од проблемот лежи во договорот за пријателство, кој не го реши проблемот со општата историја, „како тоа што го направија Грците“ и оти тој проблем е префрлен врз една комисија која нема мандат за такво нешто.