Заменик претседателот на ВМРО – Бугарско национално движење, европратеник од Европските конзервативци и реформисти Ангел Џамбаски во ексклузивно интервју за „Поглед“ зборува за македонско – бугарските односи и темата „чив е Гоце Делчев“ и дали е можно негово заедничко чествување од двете држави.
Џамбаски и во ова интервју го повторува ставот дека Гоце Делчев се самоопределил за бугарин, притоа нагласувајќи дека тој може само да не обединува, а не да не разединува.
Европратеникот потсетува дека Бугарија никогаш немала проблем со името „Македонија“ и дека лично тој и организацијата ја сметаат Македонија не за северна или јужна, туку за братска.
Целото интервју ќе биде објавено на „Поглед“ денес во 17:00 часот. Следете не.