3.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Видео: Масовно труење на кучиња во Пехчево, градоначалникот вели: Снимките се стари и веќе не се актуелни

Масовното труење на кучиња во градот Пехчево не запира, велат жителите на градот на социјалните мрежи.

Во текот на вчерашниот ден на социјалната мрежа „Фејсбук“ се појавија повеќе фотографии и видео од затруени кучиња.

Која надлежна институција че одговори?! Жално.. 😡😠🤮

Posted by Kiko Cikarski on Monday, June 24, 2019

На прашањето на жителка: „Пак ли почнаа“, помлад жител кој го снимил видеото вели: „За жал да“.

„Почнати се гадовите одамна и по дворови трујат кучиња. Но, зошто институциите се неми, очигледно некој е замешан“, стои во еден од коментарите.

Друг коментар пак гласи вака: „Мора да има одговорност, за жал ова се случува повеќе од 1 година во Пехчево“.

И покрај нашата упорност да добиеме одговор од градоначалникот на Пехчево за тоа што се случува во градот и зошто институциите се немоќни пред оние кои ги трујат животните, сепак, тој не одговори на нашите повици, по што побаравме и добивме преку порака која гласи вака:

Побарајте ме утре, да знаете дека имам дадено изјави за портали и телевизија, тоа се стари снимки и веќе не се актуелни, а институциите имаат отворено истрага за случајот.

Општина ПехчевоСДСМ – Социјалдемократски сојуз на МакедонијаАгенција За Храна И ВетеринарствоМинистерство за…

Posted by PRO ANIMA – Здружение за заштита на животните Берово on Tuesday, June 25, 2019

поврзани објави

Последни објави