-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

10 години од основање на најголемиот конзервативен тинк-тенк

Делегати на политичката организација Конзерватив МК беа поканети да учествуваат на 10 години од формирање на водечкиот европски тинк-тенк Нов правец (New Direction). Нов правец е основан од челичната лејди Маргарет Тачер, а моментално има свои седишта во Лондон, Брисел, Варшава и Рим. Овој тинк-тенк се води како официјален партнер на Алијансата на конзервативци и реформисти во Европа како и на нивната парламентарна група во Европскиот парламент ЕКР.

Вечерата ја отвори познатиот филозоф и пријател на Џордан Питерсон, Сир Роџер Скуртон, кој важи за еден од најголемите зелени конзервативци, односно енвиронменталисти. Свои говори и обраќање држеа и лидерот на ЕКР групата и претседателот на тинк-тенкот нов правец, Томас Пореба, кој е исто така член на полската партија „Права и правдина“. Делегати од Конзерватив МК беа Стефан Василевски, управител на Конзерватив МК, и Александар Богоевски, Претседател на Конзерватив МК.

Слика: Александар Богоевски, Стефан Василевски и Лукас Швајгнер (Independence Party Iceland & основач на најголемата светска политичка мрежа за млади – Students for Liberty).

поврзани објави

Последни објави