20.8 C
Skopje
Thursday, October 3, 2024

Ајфеловата кула добива заштитна стаклена ограда

Ајфеловата кула од есен ќе биде опкружена со непробојни безбедносни стакнели зидови, високи околу два ипол метри, со цел еден од симболите на француската престолнина да остане заштите од терористичките напади.

„Оградата ќе биде поставена околу просторот кој ја опкружува Ајфеловата кула“, изјави претседателот на Друштвото за користење на Ајфеловата кула.

Според француските медиуми, безбедносниот зид ќе чини околу 20 милиони евра.

Стаклениот зид нема да биде единствена заштита – сообраќајот околу Ајфеловата кула ќе биде потполно реогранизиран, по што ќе биде поставен безбедносен појас, во соработка со полициската управа.

поврзани објави

Последни објави