14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Арета Френклин најавува уште еден албум, па збогување од музичкиот свет

Американската соул пејачка Арета Френклин (74) одлучи да сними уште еден албум, а потоа планира да се повлече од музичкиот свет.

Кралицата на соул музиката оваа година ќе се повлече од музичката сцена но пред тоа ќе сними уште еден албум во продукцијата на Стиви Вондер.

Арета  истакна дека оваа година ќе го одржи својот последен концерт, наведувајќи дека своете време сака да го посвети на своите внуци. Нејзе уште ја нарекуваат кралица на соул музиката бидејќи нејзиниот распон на гласот достигнува до четири октави.

Црномурестата пејачка врвот на својата кариера го доживеа во крајот на 60-те години. Нејзините песни “Respect“ и “Chain of Fools“ станаа легендарни. Истотака таа глумеше во славниот филм “ Браќа Блуз“.

 

поврзани објави

Последни објави