14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Што ви се случува кога ќе испиете чаша газиран сок – резултатите се зачудувачки

Газираните сокови се непријатели на нашето здравје во целина. Што се случува со организмот кога пиеме газиран сок, пишува IFL Science. Во целото оваа пресметка, се прават спореди како реагира телото после одреден период. Започнува со 10 минути, следуваат 20, потоа 40, 45 минути, еден час, нешто повеќе од час и на крајот два часа. Нормално оваа сторија е базирана на одреден број на луѓе и организми, што истата не значи дека делува подеднакво исто кај сите. После 10 минути – Во организмот влегуваат 10 мали лажици шеќер, а фосфорната киселина во сокот го ублажува слаткиот вкус. После 20 минути – Нагло скока количината на шеќер во крвта, предизвикувајќи инсулинска експлозија. Џигерот регира така што сите шеќери кои ги наоѓа во крвта ги претвора во масти. После 40 минути – Кофеинот од сокот е апсорбиран во целост. Ни се шират зениците, ни расте крвниот притисок, а џигерот пумпа уште повеќе шеќер во крвотокот.

После 45 минути – Телото го зголемува производството на допамин, стимулирајќи во мозокот центри за чувство на удобност.

После еден час – Фосфорната киселина реагира со калциумот, магнезиумот и цинкот во дебелото црево, обезбедувајќи дополнителна експлозија во нашиот метаболизам. Ова дополнително се комплицира со големи дози шеќер и вештачки засладувачи кои дополнително го зголемуваат излачувањето на калциум преку урината.

Повеќе од еден час – Диуретичките својства на кофеинот почнуваат да влијаат на телото, односно имаме потреба да уринираме. Тогаш целиот калциум, магнезиум и цинк кои биле наменети за коските излегуваат од телото.

После два часа – Како што стивнува хаосот во телото, почнуваме да чувствуваме недостаток на шеќер. Лесно стануваме успорени.

поврзани објави

Последни објави