Денес беа извлечени четвртфиналните парови за кошаркарскиот Куп на Македонија што ќе се одржи од 17 до 19 февруари во Квадарци.
Нашиот најтрофеен тим во македонскиот Куп, Работинички ќе се сретне со екипата на Куманово, тим кој сеуште го очекува својот прв трофеј. Карпош Соколи за противник го добија Вардар, МЗТ ќе се соочи со Кожув, додека пак Фени Индустри ќе игра против АВ Охрид.
Двојки за четвртфинале:
1. Работнички – Куманово
2. Фени индустри – АВ Охрид
3. МЗТ Скопје – Кожув
4. Карпош соколи – Вардар