Џамбаски: Бугарија да не „дреме“ туку веднаш да и помогне на Македонија

0
3
Фото „Pogled.mk“

„Додека ние како држави дремеме, на запад „интеграцијата“ се задлабочува“ – изјави европратеникот на парламентарната група на Алијансата на конзервативци и реформисти во Европа, ЕКР, Ангел Џамбаски.

Испровоциран од текст на BALKAN INSIGHT (линк од текстот ОВДЕ) каде што се најавува заедничка дипломатија и формирање на унифициран став за надворешна политика помеѓу Косово и Албанија, европратеникот од ЕКР бара под итно да се зајакне партнерството за надворешната политика за братска Македонија.

За нас како држава, овој процес е од големо значење при одвојување на нашиот евроинтеграциски пат од Албанија каде што во моментов владее политички хаос и нередие.

Алијансата на конзервативци и реформисти, на својот последен состанок на извршното тело, ги осуди изборите во Албанија и ги класифицираше како комунистички и анти-демократски. АКРЕ повика на одржување на фер и демократски избори.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here