Голем број бугарски медиуми денеска интензивно ја следеа целата ситуација со вчерашното исполнување на македонската химна од Тамара Тодевска во Амбасадата на САД, на прославата на националниот празник на САД, 4 Јули, кога таа не ја испеа строфата со имињата на Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев и Јане Сандански.
Најголемиот дел ја пренесоа основната вест што ја објави бугарската новинска агенција „Фокус“, повикувајќи се на македонски медиуми, телевизии, радија и онлајн-медиуми.
Со тоа, повторно во бугарските медиуми Гоце Делчев стана „ѕвезда“, но во сосема друга ситуација од онаа претходно, кога во изминативе седници во Бугарија интензивно се пренесуваше се што кажал некој висок функционер во Македонија и Бугарија за Гоце Делчев.
Агенцијата „Фокус“ пак педантно ги пренесуваше сите нови случувања во врска со ситуацијата – од тоа дека Тамара се извинила, дека со соопштение се обратил и Амбасадат ана САД и македонската Влада, па и за тоа со какви ставови излегоа и премиерот Заев и опозпициската ВМРО-ДПМНЕ.