0.8 C
Skopje
Sunday, January 12, 2025

Ова е братско и пријателско однесување: Заев и Борисов во прегратка, разменуваат коментари за топлото време во Скопје и Софија

Македонскиот премиер Зоран Заев и бугарскиот премиер Бојко Борисов при нивните чести средби се однесуваат како најдобри пријатели, што е позитивен знак за двете земји. Со насмевка на лицето, двајцата премиери се сретнаа, се прегрнаа а потоа разменија и неколку зборови за топлото време во Скопје и Софија.

Иако сме Северна Македонија, пак е 40 степени – му вели премиерот Зоран Заев на бугарскиот премиер Бојко Борисов, надоврзувајќи се на министерот за надворешни – Никола Димитров, кој на прашањето „Како е во Скопје“, одговори со „Многу жешко“. Како што може да се види во видеото, објавено од Бојко Борисов на неговиот Фејсбук профил, шегата на Заев зaпали кај Димитров и неговиот бугарски колега, но не и кај вицепремиерот Бујар Османи.

Македонската и бугарската делегација се сретнаа во Познањ, Полска, каде што се одржува средба меѓу Европската унија и Западниот Балкан, на која Софија и Скопје ќе го преземат претседателството со Берлинскиот процес.Македонија и Бугарија на чело на процесот ќе останат 12 месеци, односно до јули 2020-та, кога ќе бидат домаќини на следната годишна средба.

Туку, назад на времето. „Сигурно и во Софија е исто“, додаде Заев, на што Борисов одговори дека не е сигурен и дека на 2-3 дена бил во Брисел и не ги почувствувал гopeштините. „А види, овде е зима“, констатираше тој мислејќи на Познањ. Разговорот како што информираат бугарските колеги се одвивал без преведувач што е многу нормално за претставници на две братски земји какви се што Македонија и Бугарија.

Среща с премиера на Република Северна Македония Зоран Заев

Posted by Boyko Borissov on Friday, July 5, 2019

поврзани објави

Последни објави