По денешниот статус на екс премиерот Груевски кој е во бегство, со одговор се јави и владејачката СДСМ. Имено, утрово на социјалните мрежи осамна нов фејсбук статус на поранешниот премиер Никола Груевски во кој тој прашува дали граѓаните се задоволни од автопатот Миладиновци – Штип, кој според него, го направиле токму тој и ВМРО-ДПМНЕ, но и упати порака до властите да се грижат за автопатот односно да не го упропастат пред тој да се врати.
Се јави криминалецот во бегство Никола Груевски кој го украде половина автопат Миладиновци – Штип, бидејќи додека ВМРО-ДПМНЕ беше на власт автопатот не беше завршен ниту 50 отсто. Единствениот успех на осудениот криминалец Груевски во инфраструктурата се милиониските провизии што ги договараа со неговата десна рака Миле Јанакиески.Заради криминалните интереси на фамилијата, заради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ оставени беа бројни пропусти кои ги чинеа граѓаните дополнителни стотици милиони евра. Со надминување на пропустите конечно се изгради автопатот Миладиновци – Штип, а автопатот на провизиите Кичево – Охрид, забрзано се гради.
Криминалецот Груевски нека не се грижи за одржувањето на патиштата, единствениот пат по кој ќе оди кога ќе се врати е патот што води до најблиската казнено-поправна установа, каде го чека неговото столче во ќелија.
Според пишувањата на Груевски автопатот требал да биде готов до 2017 година, но поради неспособност и неработење неговото пуштање во употреба постојано било одлагано.