35.8 C
Skopje
Wednesday, June 12, 2024

Швалериште висело на прозор цела ноќ: Мажот се вратил порано дома, па немајќи каде морал да се смести меѓу климите

Многумина мислат дека можат да шеткаат слободно, изневерувајќи ги своите жени или пак мажи, но сепак многу ретко тоа „шетање“ завршува без последици. Таков е и примерот кој денеска ќе ви го претставиме. Имено, овој кинез од видеото сигурно зажалил што се впуштил во една ваква „авантура“ со омажена жена бидејќи на крајот мораше да заврши меѓу две клими на седми спрат, каде што ја помина всушност и целата ноќ.

За среќа, овој кинез е жив и здрав и успеал машки да издржи цела ноќ, но веруваме дека после една ваква ноќ нема повеќе да му текне да брка зафатени жени. Имено, на изненадување и на двајцата, сопругот се вратил порано дома, па немајќи каде да се сокрие, мажот решил да излезе преку прозорот и да се смести меѓу две клими. Тој таму останал цела ноќ, а наредниот ден биле повикани пожарникари кои му помогнале да се симне, но дури откако жената останала сама дома односно откако нејзиниот сопруг заминал на работа.

На почетокот кинезот се обидел да смисли сосема друга приказна, но под притисок на полицијата да не обвинет за обид за кражба, признал што се случило и го напуштил местото.

поврзани објави

Последни објави