2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Милчин до Адеми: Како не ти е срам

Откако пред два дена се отвори пицеријата кај Чинарот во Охрид, објект дивоградба, случајот на неколку пати го искоментира професорот Владимир Милчин.

Денеска тој ја искоментира и изјавата дадена за Радио Слободна Европа на министерот без ресор Едмонд Адеми.

Ние сме хистеризирале? Не министерот ги извртува фактите! Се обидува да го одбрани неодбранливото. Пицеријата кај Чинарот се скали? Хотелот во Лагадин е гаража? Како не ти е срам?, напиша Милчин на својот Фејсбук профил.

поврзани објави

Последни објави