2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

А1он според извори во истрагата открива со кого Бојан Јовановски бил во автомобилот

Бојан Јовановски сопственикот на 1тв бил фатен на ГП Богородица како сака да избега од државава, пишува порталот „а1он“. Извори за порталот а1он тврдат дека тој бил фатен со 5000 евра кеш, а познатиот шоумен во автомобилот бил со негова блиска пријателка позната како водителка вработена во неговата телевизија.

Целиот текст може да го прочитате ОВДЕ (линк од содржината на а1он)

Прочитајте повеќе вести: Македонската армија ќе се модернизира во наредните 5 години

Нови транспортери, артилериски хаубици, западно-европски хеликоптери – сето тоа според плановите за развој на одбраната недостасува на армијата и ќе биде купено откако државата ќе стане 30-та членка на НАТО. Промени ќе има и во бројот на вработените во министерството, како и во изгледот и составот на воените единици, пренесува Телма.

За помалку од 6 години, македонската армија ќе мора да подготви декларирана единица од околу 900-тини војници подготвена за учество во мисиите на НАТО, ова ќе биде една од обврските на државата по претстојното членство во алијансата.

АРМ во наредните 5 години со зголемувањето на буџетот до 2 проценти од БДП ќе може да се вклучи и во модернизација, ќе се купат оклопни транспортери потребни за функционирање на пешадиските единици, а ново оружје – современи хаубици треба да бидат набавени за потребите на Артилерискиот батаљон, пренесуваат од Телма.

Сепак членството во НАТО, како најголем предизвик ја прави безбедноста на комуникациите и и на информациите кои ќе се менуваат со алијансата. Тој дел од набавките и обуката ќе се однесуваат и на сајбер безбедноста, бидејќи се повеќе зканите се остваруваати преку интернетот односно преку хакирање и крадење на податоци.

Целиот текст можете да го погледнете ТУКА.

поврзани објави

Последни објави