2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Фокус: Шпекулација е дека е извршен претрес кај обвинителката Лиле Стефанова

Во домот на обвинителката Лиле Стефанова, која е дел од тимот на СЈО, вечерва не е извршен претрес, иако дел од медиумите објавија дека тоа се случило. Од Обвинителството за организиран криминал и корупција за „Фокус“ појаснуваат дека станува збор за шпекулација.

За разлика од „Фокус“, порталот „Плусинфо“ неофицијално обзнани дека во рамки на истрагата која ја отвори Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција извршен е претрес во домот на обвинителката во СЈО, Лиле Стефанова.

Обвинителката Стефанова ја води истрагата за случајот „Империја“. Овој случај, односно осомничен пак се споменува како можниот сведок од истрагата која ја отвори обвинителството, односно дека тој требало да му плати осум милиони евра на Боки Јовановски за да се спаси од кривичен прогон, пишува „Фокус“.

поврзани објави

Последни објави