Со посредство на една пријателска земја, за извршениот рекет се обезбедени многу цврсти, практично несоборливи докази. Нема бегање од тие докази! Од таа пријателска земја за сведокот-жртва е испратено и специјално лично обезбедување. За секој случај. И додека македонските органи на прогонот се соочуваат со доказниот материјал за скандалот, за милионскиот рекет, сведокот-жртва полека но сигурно почнува да се враќа во нормалниот социјален живот.
Тоа во својата колумна за Плус Инфо го пишува новинарот Бранко Героски, кој во интерес на истрагата не наведуваа за кој бизнисмен станува збор.
Одреден дел од македонските медиуми веќе обајвија дека станува збор за Орце Камчев, иако тоа не е официјално потврдено. Новинарот Героски тоа го прави во интерес на истрагата. Тој во својот текст не го наведува ниту името и презимето на јавниот обвинител односно наведува дека станува збор за „познат и јавно воспеван јавен обвинител, од кого се очекуваше да ја донесе правдата во Македонија и дека тој, всушност, е мозокот на операцијата“.