13.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Кој генијален ум го смисли сценариото?

Започна приказната од улица на граѓаните полни со револт и желба за правда. Претходната власт фатена со снимени разговори, меѓународната заедница разочарана, граѓаните лути на сè и сешто.

И почна процесот! Новинари, интелектуалци, невладини организации сите на улица за правда и правдини.

Маки, преговори, Пржино и влади, Прибе еден, два….. Ко Рамбо на времето, СЈО се создаде онаа мала светлина во тунелот.

Испечативме маички, создадовме култ кон личности и тргнавме кон правдата.

Сопни се на 80 пратеници мнозинство-правдата во амбис, чукни се во багажникот на Грујо, правдата во амбис, израдувај се на бременоста на Горде и правдата во амбис, Мијалков се измачи шетајќи Шутка-Мериот-Струмица-Шутка, а Орце, Орце стана почесен дипломат со лично обезбедување од една пријателска земја.

И на крајот се појави првиот Рекет на државата, нашиот Џоковиќ порачан од Али- експрес, кој ја дотепа идејата на Кате. Ајде сега нека излезе обвинителката и нека каже зошто вака заврши приказната?

Што и да каже, како и да се напрегне, таа веќе е дел од проблемот, а решението, е за него ќе почекаме.

Правдата ја нема, бројчаникот е кинески како локомотивите и возовите на Никола, уште не е технички примен а веќе не работи. Кога ќе се вклучи на него се оцртува магаре со долги уши, но со зачуван идентитет и јазик и Северна географска позиција.

Можам само да го поздравам генијалниот ум што измисли ваков крај на приказната… И тоа каков крај почитувани?!

Па Холивуд може да завиди, а вие спремајте се доаѓа есен, ајварот, учебниците и да не заборавите ДДВ да си вратите за пиперот.

О само каков крај, крај на една претстава со херои измислени, приказна тажна, Македонија вечна.

И да не заборавам, братската и пријателска земја да ја замолам да појача со паспортите бидејки овде живот нема, само леб и циркус!

О каков крај, крадецот вика држте го крадецот!

Автор: Тој Бугаринот

„Поглед“ се оградува од ставовите на авторот

поврзани објави

Последни објави