11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Новинарите го прашааа премиерот: Кој се крие зад „Кики“ и „Фрики“, Заев не сакаше да шпекулира

Новинарот Бранко Героски обелоденувајќи го целиот скандал со бизнисмените на кои јавни личности им барале рекет, користеше псевдоними.

За дел од нив, идентитетите веќе се познати на јавноста, но остана дилемата кои функционери се кријат зад „Кики“ и „Фрики“.

На новинарско прашање за ова, премиерот Заев немаше конкретен одговор.

-Јас не можам да потврдам на кого господинот Героски мисли, на кој случај точно мисли, би шпекулирал само со имињата. Но, дефинитивно знам дека господинот Бојан Јовановски дружи со многу луѓе. Со луѓе од владејачката партија, со луѓе од естрадата, со новинари, со луѓе од опозицијата. Мала ни е земјата и дружат со сите. Но, изговор не е ако некој направил нешто криминално, незаконски, дека тоа му е причина за незаконско или криминално дејствување. Секој што направил треба да одговара ако тоа биде потврдено во нормална, правна постапка, со конкретни аргументи и докази, рече тој.

поврзани објави

Последни објави