11.8 C
Skopje
Sunday, April 14, 2024
Платено политичко рекламирање

Заев: Нефи Усеини мора да ги отстрани дивоградбите, мораме да ги тргнеме тие кои не можат да се легализираат

Законот мора да важи еднакво за сите. Апелирам до сите граѓани, па дури и до почитуваниот советникот, господинот Нефи да си ги отстрани дивоградбите кои не може да се легализираат. Мораме да ги тргнеме дивоградбите затоа што е загрозено Охрид со Унеско, затоа што и граѓаните реагираат.

Овој човек не води грижа за оваа работа и треба да одговара, рече пак премиерот Заев одговарајќи на прашањата за Ел Чека. Еве преку камери кажувам, ќе одговара кога тогаш, додаде тој.

Повеќе вести: Николовски – да не беше меѓународната заедница, немаше да се случи акцијата!

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во неговата денешна колумна за „Независен Весник“ открива детали за акцијата на обвинителството во која беше откриена медиумско-рекетарска група.

Николоски вели дека на врвот во пирамидата во овој скандал како „како ди тути капи“ е премиерот Зоран Заев, а во исто време, според него, оваа акција не би се случила доколку не се вмешала меѓународната заедница.

„Тој беше убеден дека со тоа што ќе го смени името на така предавнички начин на кој го направи ќе му биде дозволено да прави тоа што сака или како што рековме- менуваат име за да крадат! Но еве не е така, а најдобар доказ за тоа е што оваа акција на обвинителството немаше никогаш да се случи и никој немаше да биде под истрага ако не беше притисокот на меѓународната заедница да се расчисти со овој криминал. Како што сум информиран меѓународната заедница во понеделникот попладне извршила уште еден притисок кога видела дека намерата е да се затскријат главните и да одговараат само извршителите, пораката е дека овој случај внимателно ќе се следи и нема да се дозволи криминалот да остане недопрен и неказнет. Тоа е така затоа што основа на меѓународните добри пракси на западниот свет е владеење на правото и тие никогаш нема да дозволат тоа да не се почитува. Може “капо ди тути капи” дома да лаже колку сака дека има поддршка и да ја злоупотребува меѓународната заедница, но фактите и реалноста го демантираат“– пишува Николоски.

поврзани објави

- Advertisement -

Последни објави