Судскиот совет денеска одлучи да го суспендира поранешниот претседател на Кривичниот суд во Скопје, Владимир Панчевски. Против него има и постапка за нестручно и несовесно вршење на судската функција, постапка која сè уште не е завршена.
Против Панчевски, обвинителството паралелно поднесе и обвинение за местење предмети кај подобни судии додека бил на чело на скопска единица.
Според обвинителството, судските предмети ги делел на рака на одбрани судии, заобиколувајќи го АКМИС системот за електронска распределба. Освен случаи на редовното обвинителство, Панчевски рачно делел и предмети што го водело Специјалното обивнителство.