4.8 C
Skopje
Saturday, November 30, 2024

Премиерот Заев одговори: Може да се прочита се и сешто, јас можам да кажам за себе дека не сум се слушнал со Катица Јанева

Можеме да прочитаме денеска се и сешто, јас можам да кажам за себе дека не сум се слушнал со Катица Јанева. Јас за луѓе кои покажале храброст во време кога сите шупотеа и шумолеа во државата и те како стојам секогаш како личност. Се додека не се докаже дека таа е инволвирана во криминал, секако дека стојам како личност, рече премиерот Заев денеска одговарајќи на прашање дали се слушнал со Катица Јанева.

Според премиерот, правниот систем конечно профункционирал. Во однос на прашањето за тоа дали странска држава била вмешана во откривањето на рекетот, премиерот рече:

Ќе му се јавите на бизнисменот и ќе ви каже. Бугарија е голем пријател. Еден од првите кои се бори за нашите евроинтегративни процеси. Јас од потенцијални непријатели или еве не наши пријатели направивме пријатели, не можам да си дозволам да го коментирам тоа во никој случај.

Прочитајте повеќе вести: Мицкоски се сретна со амбасадорката на САД Кејт Мери Брнс

Клучен стратешки интерес за ВМРО-ДПМНЕ е членството на Република Македонија во НАТО и Европската Унија, потенцирал опозицискиот лидер Христијан Мицкоски на првата официјална средба со новата американска амбасадорка во земјава, Кејт Мери Брнс, одржана денеска, соопштуваат од партијата преку писмено соопштение.

Во него се вели дека Мицкоски на средбата нагласил дека за опозицијата пријателството меѓу Македонија и САД е од особено значење изразувајќи надеж дека соработката во текот на мандатот на амбасадорката Брнс ќе оди во насока на подобрување на стратешките односи меѓу двете земји.

Средбата на Мицкоски и Брнс доаѓа на два дена пред закажаната лидерска средба на која шефот на ВМРО-ДПМНЕ го откажа своето учество откако премиерот го одби неговото барање за предвремени избори.

поврзани објави

Последни објави