Популарен шоумен кој со своето присуство, секогаш беше во центарот на вниманието. Некои го обожаваат, други го критикуваат и плукаат. Неговото име за првпат се појави во јавноста пред десетина години кога беше учесник во реалното шоу „Големиот Брат“, кое ги рушеше сите рекорди на гледаност на телевизијата во тоа време. Боки учествуваше и во реалното шоу Двор, каде имаше свои расправии со Маја Николиќ која тогаш ја нарече болна особа.
Во тоа време популарниот шоумен имаше сосема друг физички изглед. Боки имаше и своја кратка музичка кариера односно истиот се обиде да се проба и како пејач. Боки како што искажуваше во јавноста е и личен пријател со популарната пејачка Јелена Карлеуша но и со пејачката Марија Шерифовиќ.
Од пред само неколку години познатиот шоумен, а воедно и неформален сопственик на 1ТВ стана и голем хуманитарец, често можеше да се забележи како тој помагаше на социјално загрозени семејства и луѓе на кои им е потребна помош за опстанок или пак за лекување.
Денеска истата таа личност се соочува со истрага покрената од обвинителството за организиран криминал и корупција во која тој е осомничен за рекетирање на познат бизнисмен, искористувајќи го своето влијание кај обвинител кој го водел случајот на рекетираниот бизнисмен.
За тоа како Боки 13 ја забавуваше македонските, а воедно и балканските гледачи на популарното шоу „Големиот Брат“ во следното видео кое деновиве масовно се споделува на социјалните мрежи: