Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, откако добил вербална закана по животот, денеска писмено соопшти дека се откажува од ингеренциите врз Општината и бара од Владата таа да го преземе раководењето со градот Струга.
Мерко потврди дека добил закана која ја пријавил во полиција, но за став околу писмото кое излезе во јавноста адресирано до премиерот Заев остана недостапен.
Во писмото Мерко го информира премиерот Заев дека со намера спроведување на Законите, сите надлежности на Општината за урбанистичко планирање градежни дозволи и давање на концесии како и во делот на спроведување на забелешките од страна на УНЕСКО и ги предава на Владата. Ви писмото меѓу другото пишува дека ваквата одлука е резултат на последните случувања и долгорочната кампања која се води против градот Струга и градоначалникот на оваа Општина.
Од МВР потврдиле дека има пријава за вербална закана кон градоначалникот на Струга, но случајот е веќе расчистен.