-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Откажана лидерската средба – позната и причината: што следува сега?

Лидерската средба што Заев ја закажа за утре нема да се одржи, поради недоаѓањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Ова Заев им го кажал на ЦО вечерва, потврдуваат извори оттаму.

Лидерот на СДСМ на сопартијците според истите извори им казал дека нема логика лидерска без Мицкоски.

Заев средбата ја закажа со дневен ред СЈО, попис и Изборен законик. Мицкоски најави дека нема да дојде, бидејќи според него средбата треба да има само предвремени избори.

Ахмети и Села кои беа поканети, ја прифатија поканата.

поврзани објави

Последни објави