Топло, но нестабилно време со пороен дожд, најавува УХМР за денеска попладне и утре. Во недела и понеделник ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност.
Температурата денеска ќе достигне максимални 33 степени. Во деновите од викендот ќе достигне 36, а во понеделник 38 степени.
Од вторник ќе биде ветровито со услови за локален пороен дожд. Дневните температури ќе бидат во интервал од 27 до 36 степени.
Среде јули снег во Европа- Франција и Италија под снежна покривка
На подрачјето на Италија денеска, предвидени се обилни врнежи и силна бура. Временската прогноза која многумина ги изненади, беше само најава за уште постуденото време кое зафати поедини подрачја на големите надморски височини.
Таа прогноза наговестила снег, кој е невообичаен за овој период од годината. Прогнозата била вистинита и наврнало 30 сантиметри снег на Алпите, пренесува италијанскиот метеоролошки портал 3Бметео.