5.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

(ВИДЕО) Без срам: Руси крадат песни од Тоше и ги прикажуваат како авторски хитови

Руската рок-група „Землене“ направи своја верзија на песната од Тоше Проески „Боже чувај ја од зло“, но ја претставува како своја авторска песна под името „Боже“. На плагијатот како автори се наведени имињата на Владимир Киселев и Владимир Трушин. Киселев се пишал како автор на песната, а Трушин си ја присвоил музиката.

Ова претставува незаконски отуѓвање на мелодијата, коментираат фановите на Тоше.

„Ова нема да ве направи големи пејачи“, „Направете си своја песна“, „Океј што сте ја украле песната, но вашето пеење е катастрофа“, „Ова е песна на најголемиот хуманитарец Тоше Проески“, „Мораме да ја пријавиме песната и истата да биде повлечена“, се само дел од реакциите на фановите на Тоше под видеото.

Некои од обожавателите на македонскиот пејач коментираат луѓето и организациите кои го чуваат ликот и делото на Тоше, и од неговата Фондација, треба да преземат нешто за да докажат дека популарната песна на Тоше не е авторска песна на руската група и да бараат отштета.

Песната „Боже чувај ја од зло“ е дел од последниот албум на Тоше, „Игри без граници“, издаден 2007 година. Албумот беше издаден на македонски и српскохрватски јазик. Музиката за песната ја направи Миро Буљан, а оригиналниот текст го напиша Антонија Шола. Препевот на македонски јазик е на Владо Јаневски.

Во продолжение руската верзија од „Боже“:

А потоа погледнете и како тоа го правеше незаменливиот Тоше Проески и оргиналот од „Боже, чувај ја од зло“:

поврзани објави

Последни објави