Франсоа де Ружи е името кое може да биде синоним за тоа што значи зборот одговорност кога се извршува јавна односно државна функција, од која се зема плата директно од граѓаните кои го избрале самиот функционер.
Имено, францускиот министер Франсоа де Ружи си поднесе оставка од министерската позиција токму поради тоа што на некој начин ја злоупотребил довербата дадена од граѓаните. Блискиот соработник на францускиот премиер Мануел Макрон поднесе оставка откако во јавноста се дозна дека тој платил скапи вечери со државни пари.
Де Ружи беше назначен за министер во 2018 година. Прочитај повеќе вести во продолжение.
Наслов: Кабинетот на Вучиќ свикан итно по оставката на Харадинај
На состанокот присуствуваат и министерот за одбрана Александар Вулин, министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ, директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ и генералниот секретар на шефот на државата Никола Селаковиќ.
Вучиќ утре ќе се обрати по повод оставката на Харадинај и нејзините евентуални импликации.
Харадинај денеска поднесе неотповиклива оставка, а како причина ја наведе поканата на Специјалниот суд во Хаг во својство на осомничен за воени злосторства.