-0.2 C
Skopje
Sunday, January 12, 2025

Лазаревиќ: Случајот „Рекет“ е создаден за да го уништи СЈО – операцијата успешна, пациентот „среден“

Од ден во ден се повеќе се гледаат различни точки за случајот „Рекет“, во кој главни актери се Бојан Јовановски односно Боки 13 и Зоран Милески – Кичеец. Покрај нив, во „игра“ е уште специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, чија што улога во овој процес се уште не е познат.

Јасно е само дека таа си даде оставка од својата позиција, воедно замина и на боледување, а во јавноста се отворија повеќе шпекулации за што всушност е креиран случајот „Рекет“ и дали зад него стои нешто сосема друго.

Владимир Лазаревиќ на својата Фан страна ја споделил веста во која СЈО се најавува дека ќе премина во ЈО и ќе биде оддел за гонење организиран криминал и висока корупција, а истиот ќе го води Вилма Рускоска.

-Сега повеќе не треба да има никакви дилеми дека целата оваа конструкција и смислена “рекет” операција имаше за цел да го уништи СЈО. Операцијата веројатно ја осмислува некој друг ама ја реализира самиот врв на власта. За кој интереси доорва треба да се разјасни. Важно, операцијата е успешна, пациентот (СЈО) мртов, останува уште да ги обештетиме оштетените страни. Мизерија!, е мислењето на Лазаревиќ.

Дали во ова има вистина, допрва ќе дозанеме.

поврзани објави

Последни објави