fbpx
17.8 C
Skopje

ВМРО-ДПМНЕ: СЈО наместо да гони криминал, спроведува нарачки на Заев

АКТУЕЛНО

ВМРО-ДПМНЕ денес преку соопштение наведува дека „наместо да го гони криминалот, Специјалното Јавно Обвинителство го штити и аболицира криминалецот Зоран Заев и понизно ги спроведува неговите нарачки“.

„Катица Јанева го даде крунскиот доказ дека платеничката револуција за наводна нејзина поддршка, била всушност платеничка револуција во режија на Сорос/СДСМ само за да се спасат од кривичен прогон Заев, Верушевски и останатите членови на нивното злосторничко здружение. СЈО пред целата јавност уште еднаш докажа дека е најобична маша на СДСМ. Катица Јанева, уште еднаш потврди дека не е специјален туку селективен јавен обвинител кој понизно игра како што свири аболицираниот криминалец Зоран Заев.

Хајката која ја водат против ВМРО-ДПМНЕ деновиве ја доживеа својата најапсурдна епизода. Со последните обиди масовно, како во најлошите комунистички времиња, да се закануваат, уценуваат и вршат притисок масовно на членови на ВМРО-ДПМНЕ, Јанева и СЈО го пробија дното. Ова обвинителство целосно го загуби својот кредибилитет и интегритет. Правдата ќе победи, а Заев и неговите соработници ќе мора да се соочат со законот. Кога ќе се соочат со доказите за криминалот нема да им помогне ниту СЈО, ниту каква било платеничка револуција“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -