0.8 C
Skopje
Sunday, January 12, 2025

Познат лекарот што и го дал боледувањето на Јанева – еве за што станува збор

Основното јавно обвинителство нема побарано посебни истражни мерки за Катица Јанева. Јавната обвинителка, Вилма Русковска, во интервју за „Канал 77“, ја демантираше изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој рече дека Јанева има забрана за излез од државата. Русковска уверува дека тие не ја следат. Како што објаснува, издадена е само наредба за вештачење на одземениот телефон на Јанева, кое верува дека ќе заврши до понеделник и додава дека вториот мобилен телефон на Јанева сѐ уште не е пронајден, пренесува ТВ21.

-Од страна на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција не е побарана ПИ мерка за Катица Јанева. Не ја следиме, дали некој друг ја следи не знам. Вториот телефон на специјалната обвинителка, засега не е пронајден-рече Русковска.

Од друга страна пак, опозициската ВМРО-ДПМНЕ отвора сомнежи дека лекарското боледување на специјалната обвинителка Јанева е лажно. Се сомневаат дека боледувањето се користи само за Јанева да се заштити од истрагата за случајот „Рекет“.

Докторот Бојан Трајковски од Асоцијација на специјализанти и млади лекари, за ТВ21 ја објасни процедурата за земање боледување. Вели дека мали се можностите за законски да се утврди дека некое боледување е лажно, а во случај да се открие вакво нешто, следуваат парични казни и за лекарот, и за пациентот. Матичниот лекар е тој кој го дава боледувањето на секој пациент, објаснува Трајковски.

Премиерот Зоран Заев не знае каде се наоѓа специјалната обвинителка Катица Јанева, а ниту СДСМ не поседува никаква информација за неа. Од СЈО велат дека Катица Јанева од 16-ти јули е на боледување. Инаку, Јанева последен пат беше видена на работа в понеделник кога ја депонираше и својата оставка, по што следеше апсењето на Бојан Јовановски и бизнисменот Зоран Милевски-Кичеец.

Целата вест прочитајте ја на ТВ21.

поврзани објави

Последни објави