Доцна синоќа во полициската станица во Охрид била пријавена тепачка пред казиното „Адмирал“, кое се наоѓа на улицата „Партизанска“.
54. годишниот С.С. пријавил дека на излегување од казиното бил пресретнат од А.Ф. и Ф.А., двајцата од Охрид, кои му побарале да им даде пари.
Откако С.С. одбил, тие го претепале, по што му украле 10.000 денари. На повреденото лице му е укажана лекарска помош во болницата во Охрид, каде констатирале дека има тешка телесна повреда, набиеници на повеќе места, фрактура на нос, како и крвен подлив околу окото и рани на устата.
Полицијата работи на решавање на случајот.