-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Готов извештајот од мобилниот на Јанева – се враќале и сите избришани пораки

Извештајот од вештачењето на телефонот на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, е готов и стигнал во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, кое ја води истрагата за случајот „Рекет“, потврдуваат од Обвинителството, пишува ФОКУС.мк.

Од таму велат дека не можат да соопштат детали за извештајот, за да не и наштетат на истрагата. Вештачењето беше направено за да се утврди дали Јанева комуницирала со осомничениот Бојан Јовановски, а може и да се види што точно комнуницирале, бидејќи се враќаат сите избришани пораки.

Шефата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција Вилма Русковска викендов во ТВ интервју рече дека имаат снимки од кои сè слуша и гледа дека додека осомничениот Бојан Јовановски разговарал со сведокот бизнисмен, на спикерфон бил и јавен обвинител.

Обвинителката Јанева засега не е под истрага, но обвинителството во зависност од доказите најави и можно проширување.

Извор: ФОКУС.мк

поврзани објави

Последни објави