14.8 C
Skopje
Tuesday, April 16, 2024
Платено политичко рекламирање

Героски до Саше Политико и Миленко: А бе шапшали едни недоветни, доста паламудите, ако имате снимка пуштете ја

Новинарот Бранко Героски вечерва повторно со нов фејсбук статус преку кој испраќа порака до Миленко Неделковски и Саше Ивановски. Фејсбук статусот на Героски го пренесуваме во целост:

Прво Миленко тропна за некакви 25.000 кеш што божем сум ги зел од некој “олигарх”. Па Саше будалиот се залета ко вол у трње и го спомна Камчев, па сега ќе мора на суд да докажува.

Еве го и Боки Бургија, доставувачот од СЈО, тресе глупости за некакви 75.000 евра рекет. Имало видео, на Јутјуб ќе се појавело. Па уште ме “советувал” да стапам во контакт со “имателот” на видеото, да се пазарам, што ли…

А бе шапшали едни недоветни! Ви кажав и пак ќе ви кажам – џабе везете. Кај мене нема едно евро рекет! Никогаш и од никого! Немам со кого да разговарам и да се пазарам. Кој се курчи дека има некаква снимка, веднаш нека ја пушти! Да видиме што сте смислиле.

Доста бре паничите и паламудите!

поврзани објави

- Advertisement -

Последни објави